24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на „Gumpert“ се враќа со суперавтомобил

Наследникот на „Gumpert“ се враќа со суперавтомобил

Изданието „Motor1“ ја покажа првата слика на новиот модел на брендот „Apollo“, кој ќе претставува наследник на компанијата „Gumpert“. Суперавтомобилот „IE“ (тимот кој работи на неа, ја нарекува и „Titan“), ќе добие атмосферски V12 мотор кој развива моќност од најмалку 800 КС.

Ако се суди според сликата, каросеријата на возилото ќе биде од карбон. Дел од дополнителните аеродинамички елементи, вклучувајќи ги отворите за воздух и огромното антикрило во задниот дел, очигледно се направени од истиот материјал.

Впечаток прави и необичната форма на ретровизорите кои во случајот се заменети со камери. Генерално возилото во голема мера потсетува на моделот „Arrow“ прикажан во 2016-та. Тоа ќе стане нејзина еволутивна верзија, а ќе биде наменета првенствено за возење на патека.

Се очекува премиерата на „Titan“ да се одржи во наредните денови или недели. Потоа ќе биде прикажан и „сообраќајна“ опција која ќе излезе под името „Arrow S“ и ќе добие V8 мотор со 2 турбини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП