9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСлабејте забавно - вртете хулахоп

Слабејте забавно – вртете хулахоп

Вртењето хулахоп не е само детска игра. Зад забавното вртење се крие забавно слабеење. Слично како и скокањето на јаже кое го обожававме во детството, и вртењето хулахоп го има пронајдено својот пат до модерните фитнес програми за слабеење и обликување на телото.

Ако посакувате прекрасна силуета, хулахопот е ваш вистински пријател. Вртењето хулахоп овозможува таргетирано обликување на половината и е брз и ефикасен начин за добивање на посакуваната фигура на песочен часовник.

Бенефиции од вртењето хулахоп

Редовното вртење на хулахоп има позитивен ефект не само врз вашето тело, туку и врз вашиот ум и вашиот дух. Еве некои од најважните бенефиции:

– ги обликува стомачните мускули

– претставува интензивна кардиоваскуларна активност

– ги подобрува рамнотежата и флексибилноста

– го поттикнува слабеењето и горењето на мастите

– ги подобрува моторните способности

– ги зголемува издржливоста и енергијата

– го зацврстува грбот

– развива чувство за ритам

– го подобрува држењето на телото

– го намалува стресот

– ја зголемува самодовербата

– го поттикнува смеењето и чувството на среќа

30-минутното вртење хулахоп води до согорување на 200-300 калории во зависност од интензитетот. Во просек жените согоруваат 210 калории за половина час вртење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП