12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLand Rover ќе прави ривал на Bentley Bentayga

Land Rover ќе прави ривал на Bentley Bentayga

Шефовите на „Land Rover“ се отворени кон можноста британската марка да создаде топ модел, кој ќе биде ривал на ултралуксузниот „SUV“ на „Bentley“ – „Bentayga“.

Информациите за тоа обезбеди главниот дизајнер на „Land Rover“, Гери Макгаверн кој прецизира дека најверојатно тоа ќе е „Range Rover“, кој ќе е позициониран над тековната палета на брендот и додаде дека во однос на цената, „чекорот во насока кон „Bentayga“ нема да е многу голема“.

Покрај тоа, тој даде до знаење дека сака да ја зголеми палетата на луксузни модели на „Land Rover“, кои се нудат на пазарот со амблемот на „Range Rover“. Во моментов овие модели се четири: „Range Rover“, „Evoque“, „Sport“ и „Velar“. И фактот дека тоа може да доведе до создавање на слични модели со блиски димензии, не го загрижува.

„Би рекол дека ако имаме два модели на „Range Rover“ со исти димензии, но тие поседуваат сосема различен карактер, тоа ќе привлече различни клиенти“, беше категоричен Макгаверн.

„Bentayga“ се покажа вистински хит за „Bentley“ – луксузниот „SUV“ запиша половина од вкупно 11.023 продажби на британската марка во минатата година. И тоа ако се има предвид дека моделот се нуди во Америка од почетокот на втората половина на 2016-та година.

Основната цена на „Bentayga“ во Европа е 208.500 евра. Во моментов најскапиот модел на „Land Rover“ е „Range Rover“ со долга база, чија цена започнува од 109.200 фунти во Велика Британија.

Макгаверн е уверен дека моделот на „Range Rover“, кој ќе се бори со „Bentayga“, ќе биде подобар од ривалот на „Bentley“.

„„Bentley“ едноставно не поседуваат наследството и традициите во овој сектор на автомобили, додека ние имаме сè што е потребно“, објасни дизајнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП