19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК даде зелено светло за договорот меѓу Peugeot и Opel

ЕК даде зелено светло за договорот меѓу Peugeot и Opel

Европската комисија (ЕК) даде безусловно одобрување за купување на „Opel“ од страна на „Peugeot“, објавија од Брисел.

Комисијата стигнала до заклучок дека договорот нема да предизвика стравувања за конкуренција на релевантните пазари, се наведува во соопштението.

Во предвид фактот дека и двете компании дејствуваат активно во сферата на производството на автомобили и комбиња, Комисијата го разгледала влијанието на договорот врз автомобилските пазари како на европско, така и на национално ниво.

Испитувани се и се преклопуваат активности на двете компании во трговијата на големо и мало на автомобили и комбиња.

Во однос на производството и продажбата на моторни возила комбинираниот пазарен удел на двете компании е релативно мал на сите релевантни пазари. Компаниите постигнуваат заеднички пазарен удел од над 40% само на два национални пазари – Естонија и Португалија.

Истражувањата покажуваат дека новата компанија ќе се соочи со доста силна конкуренција од страна на производители како „Renault“, „Volkswagen“, „Daimler“, „Ford“, „Fiat“ и различни азиски конкуренти.

Во однос на пазарите за дистрибуција на големо и на мало, Комисијата ја исклучува можноста договорот да има погубно влијание поради различните дистрибутивни канали користени од „Peugeot“ и „Opel“, и присуството на независни дистрибутери, увозници и дилери.

„Peugeot S.A.“ произведува и продава автомобили и лесни комерцијални возила во целиот свет под марките „Peugeot“, „Citroën“ и „DS“.

„Opel“, моментно е контролиран од „General Motors“, а го обединува европскиот автомобилски бизнис на „General Motors“ под марките „Opel“ и „Vauxhall“.

Двете компании ја информираа ЕК за договорот на крајот на мај оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП