9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНезадоволни од платите, вработените на „Бритиш ервејз“ повторно ќе штрајкуваат

Незадоволни од платите, вработените на „Бритиш ервејз“ повторно ќе штрајкуваат

Кабинскиот персонал на компанијата „Бритиш ервејз“ ќе почне нова серија штрајкови во долгорочниот спор околу заработувачката, соопшти британскиот синдикат „Јунајт“.

Вработените ќе стапат во двонеделен штрајк од 19 јули. Тие веќе штрајкуваат 16 дена поради ниските плати.

Оливер Ричардсон, претставник на синдикатот, рекол дека овој потег на вработените ја покажува нивната решителност да се изборат за подобри плати.

„Бритиш ервејз“ соопшти дека во текот на штрајкот ќе бидат исполнети 99,5 отсто од планот за летање, додавајќи дека компанијата за време на штрајкот ќе позајми девет авиони и неколку членови од екипажот на „Катар ервејз“.

Синдикатот предупредува дека британската компанија со закупот на авиони ги прекршува европските прописи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП