23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа што е корисна лавандата?

За што е корисна лавандата?

Лаванда против првут

Масло од лаванда делува смирувачки на телото и може да го реши проблемот со првут. Помешајте 15 капки етерично масло од лаванда и 2 лажици маслиново или бадемово масло, и загрејте ги на тивок оган. Измасирајте го темето со оваа мешавина, ставете капа за капење и оставете да дејствува околу еден час. Косата измијте ја со шампон. Резултати очекувајте по неколку третмани.

Против надуеност

Подуеноста и лошото варење на храната најчесто се последица на бактерии. Лавандата содржи навистина вреден антиоксиданс, полифенол, кој ги убива бактериите во дигестивниот тракт, ја спречува и намалува подуеноста. Додадете сушена лаванда, како зачин, во јогурт или пробиотик.

Против нервоза

Ако сте почувствувале слаба вртоглавица од мирисот на лаванда, не грижете се, тоа е сосема нормално. Имено, истражувањата покажуваат дека мирисот на лаванда ги намалува срцевите отчукувања и го намалува крвниот притисок, а со тоа ги смирува телото и умот.

Против убоди и иритации

Покрај сите благодети, лавандата го намалува чешањето, отоците и црвенилото. Капнете една или две капки масло од лаванда на местото на убодот, оставете да делува околку 15 минути. Оваа постапка можете да ја повторувате на секои 6-8 часа.

Против стрии

Лавандата има благотворно влијание на кожата, ја прави мека и еластична. Направете комбинација од етерично масло од лаванда и камилица, и нанесувајте ја смесата секојдневно на влажна кожа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП