Турската авиокомпанија соопшти дека денес е укината забраната за носење лаптопови, таблети и паметни телефони во авионите кои летаат кон дестинации во САД.
И властите на Обединетите Арапски Емирати соопштија дека денес е укината забраната за нејзината авиокомпанија Етихад.
САД во март годинава донесоа забрана за носење таблети, лаптопови и паметни телефони за девет авиокомпании од десет меѓународни аеродроми во арапските земји и Турција.
Забраната се однесуваше на летовите од Аман (Јордан), Кувајт, Каиро, истанбул, Џеда и Ријад (Саудиска Арабија), Казабланка (Мароко), Доха (Катар) и Дубаи (УАЕ).
Велика Британија исто така забрани носење лаптоп во авионите за летовите од шест земји.