27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорче Даскаловски во наредната сезона ќе ги предводи Карпош Соколи

Борче Даскаловски во наредната сезона ќе ги предводи Карпош Соколи

Борче Даскаловски во наредната сезона од клупата ќе го предводи актуелниот освојувач на кошаркарскиот Куп на Македонија, Карпош Соколи.

Даскаловски во изминатите две сезони беше асистент во стручниот штаб на овој клуб, а на клупата го наследи Србинот Драган Николиќ, кој замина по завршувањето на сезоната, во која Карпош Соколи го освои Купот и играше во финалето во плејофот во домашното првенство.

Борче Даскаловски во моментов е доцент на катедрата по кошарка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ).

Екипата на Карпош Соколи, во новата сезона го пријави учеството во Лигата на шампионите на ФИБА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП