
Италијанскиот производител уште еднаш ги освежи своите два спортски модели кои се наоѓаат на пазарот веќе цела деценија.


Италијанскиот производител уште еднаш ги освежи своите два спортски модели кои се наоѓаат на пазарот веќе цела деценија.

Стилските промени се дискретни иако актуелните „GranTurismo“ и „GranCabrio“ во продажба уште од 2007-ма година.

Дизајнот на надворешноста е инспириран од преубавиот концепт „Alfieri“ кој „Maserati“ го претстави пред неколку години, но кој и натаму не доби своја продукциска верзија.

Најголеми сличности со споменатото концептно возило се забележува на маската на ладилникот на моделите „GranTurismo“ и „GranCabrio“ чии решетки се обликувани по примерот на шестаголната маска на „Alfieri“.

Покрај тоа, редизајниран е и целиот преден и заден браник.

Големо внимание при редизајнот, „Maserati“ посвети на внатрешноста на возилото. Купувачите на располагање ќе имаат модерен мултимедијален систем со 8,4 инчен екран чуствителен на допир и „Android Auto“ и „Apple CarPlay“ функции кои обезбедуваат поврзување на овој уред со смартфон.

Исто така, извршени се корекции на дизајно на централната конзола на автомобилите, а во понудата е и луксузните „Poltron Frau“ кожни седишта.

Под хаубата на двата модели се наоѓа атмосферскиот 4,7-литарски V8 мотор од постарата школа на погонски агрегати чиј звук претставува музика за уши за вистинските љубители во спортските автомобили.

Моторот произведува 460 ks при 7.000 o/min и развива максимален вртежен момент од 520 Nm при 4.750 o/min.