3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesco ќе отпушти 1.200 вработени

Tesco ќе отпушти 1.200 вработени

Најголемиот британски трговски синџир Tesco најави укинување на уште 1.200 работни места, што претставува дел од реструктуирањето кое на компанијата би можело да ѝ донесе заштеда од 1,5 милијарди фунти, пишуваат британските медиуми.

Управата на Tesco во среда им најави на вработените дека во седиштето на компанијата ќе бидат укинати 1.200 работни места, што чини четвртина од вработените во Велвин Гарден Сити во Хетфилд.

Оваа одлука е објавена по само една недела откако Tesco најави затворање на повикувачкиот центар во Кардиф со 1.100 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП