Подготовките за летото и заминувањето на плажа веќе одамна започнаа, а тие подразбираат намалување на телесната тежина и целулитот кој се насобрал на вашето тело.
Доколку чекавте до последен момент, обновете ја вашата фигура со помош на ова слатко-горчливо овошје.
Благодетите на грејпфрутот кои помагаат во борбата против целулитот:
– Ја подобрува циркулацијата
– Грејпфрутот спречува собирање на вода во телото, а со самото тоа спречува и појава на целулит
– Го забрзува метаболизмот
– Ги исфрла токсините од организмот
– Го регулира нивото на шеќер во крвта
Состојќи за напитокот:
– 1 голем грејпфрут
– ¼ лимон
– 1 парче ѓумбир (2-3 см)
Подготовка:
Измијте го овошјето, олупете го и ставете го во соковник. Исцедете го овошјето и чувајте го во фрижидер. Пијте го секое утро на празен стомак и меѓу оброците.
Ако немате соковник, овошјето исцедете го рачно, а ѓумбирот изрендајте го.