28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦукерберг најави нова мисија на Фејсбук

Цукерберг најави нова мисија на Фејсбук

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, откри дека поради настаните во светот решил да ја промени мисијата поради која постои социјалната мрежа.

„Претходно мислевме дека со едноставно онлајн поврзување ќе можеме да направиме доволно за човештвото, меѓутоа сега сфаќаме дека мора да направиме многу повеќе“, вели Цукерберг.

Тој смета дека е битно на луѓето да им се даде шанса да се изразат. „Многу е битно да имаме различни мислења, но пред сè, да изградиме погодно тло за сите заедно да можеме да се движиме напред“, објаснува Цукерберг.

Компанијата го промени слоганот на својата мисија од „На луѓето им даваме моќ да споделуваат и да го направат светот поотворен и поповрзан“ во „На луѓето им даваме моќ да изградат општество и да го приближат светот“.

Цукерберг верува дека ова може да се постигне со помош на групите на Фејбук, кои ги користат милијарди луѓе. „Она во што најмногу можеме да придонесеме е креирање граѓански и продуктивни дебати за мали, но и за големи теми“, порачува Цукерберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП