5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕфектот Brexit: Nomura ја пресели европската централа во Франкфурт

Ефектот Brexit: Nomura ја пресели европската централа во Франкфурт

Јапонската инвестициска банка „Nomura“ одлучи да ја премести европската централа во германската финансиска метропола Франкфурт. За да може да ги обезбеди сите свои услуги на единствениот европски пазар и по „Brexit“, банката поднела молба за лиценцирање на својата сестринска фирма во Франкфурт, објави самата „Nomura“.

Колку работни места ќе бидат преместени во германскиот град засега не е јасно.

По планираното излегување на Велика Британија од Европската унија базираните во Лондон банки ќе имаат потреба од сопствено друштво со банкарски лиценци во земја на ЕУ, за да може да обезбеди производи и услуги во преостанатите 27 земји членки.

Сојузот на странските банки се очекува дека ефектот „Brexit“ може да доведе во следните 2 години до поместување на меѓу 2.000 и 5.000 работни места во Франкфурт. Во минатата недела и вториот по големина оператор на хартии од вредност во Јапонија „Daiwa Securities“ најави дека ќе поднесе лиценца за својот сестринска фирма во германскиот град.

Франкфурт, каде е базирана Европската централна банка, се покажа како една од претпочитаните опции за глобалните банки кои сакаат да ги преселат вработените од Лондон. „Goldman Sachs Group“ и „Morgan Stanley“ веќе бараат канцеларии во градот, кој може да се претвори во новиот трговски центар во ЕУ, рекоа запознаени извори претходно во овој месец.

„Nomura“ која кон март има 3.026 вработени во Европа, главно во Лондон, размислуваат за варијанти како Минхен, Луксембург и Париз за европската активност. Кенџи Јамашита, портпарол на „Nomura“ во Токио, одбил коментар по одлуката.

Компанијата со седиште во Токио ужива заживување на профитот во Европа во последно време по редица штедења. Минатата фискална година таа го забележа првата годишен меѓународен профит од седум години, откако ослободи 900 вработени, главно во Европа и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП