21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИNestle разгледува повлекување од американскиот кондиторски пазар

Nestle разгледува повлекување од американскиот кондиторски пазар

Новиот извршен директор на „Nestle“, Марк Шнајдер очигледно напредува со реструктуирањето на најголемиот производител во светот во прехранбената индустрија. Познатиот концерн по марките „Maggi“, „KitKat“, „Nescafe“ и „Nespresso“, најави повлекување на бизнисот со слатки производи во САД, а тоа вклучува и можна продажба, објави компанијата со седиште во Швајцарија.

„Nestle“ ќе ги истражуваат стратешките опции за производство на слатки, вклучувајќи ја евентуалната продажба. Таа додава дека до крајот на годината ќе биде завршен стратешкиот преглед.

На дискусија нема да бидат подложени сепак печивата од брендот „Toll House“. „Nestle“ планира да се прошири на другите производни сегменти како добиточна храна, вода, замрзната храна и храна за деца во САД.

Компанијата влезе во ќорсокак, откако корисниците во глобален аспект вложуваат повеќе на свежи намирници, додека готовите производи и готови јадења имаат застој на одделите во продавниците.

Со органски раст од 2,3 отсто во првиот квартал компанијата го забележа најслабиот старт на годината од последнава деценија. Шнајдер кој дојде во почетокот на 2017-та година на чело на компанијата, планира до 2020-та година растот да биде најмалку 5%.

За да се постигне ова, поранешниот шеф на „Fresenius“ се залага за проширување на основните бизниси и на ветувачкиот здравствен сектор. Различни производи, како такви за нега на кожата или специјална храна за возрасни и болни луѓе, ветуваат значително повисоки стапки на раст од заситениот на многу места пазар за колачи.

Во минатата година кондиторските производи, како чоколадните десерти „KitKat“ и „Crunch“ и чоколадото „Cailler“, придонесоа со околу една десеттина за приходите на групата од речиси 90 милијарди франци (83 милијарди евра). САД се најголемиот пазар за концернот, а приходите од продажба на чоколадни производи и други слатки производи таму сочинуваат само околу три проценти од вкупната продажба.

Според Меѓународната организација на производители на какао, лидер во производството на кондиторски производи по приходи е американската група „Mars“, следена од „Mondelez“ на второ место. „Nestle“ се рангираше на третото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП