18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank го реструктуира корпоративното и инвестициското банкарство

Deutsche Bank го реструктуира корпоративното и инвестициското банкарство

Германската банка „Deutsche Bank“ објави нова структура на корпоративното и инвестициското банкарство, вклучувајќи создавање на одделен бизнис за операции со акции, долгови и потпора на пазарите на капитал, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на свои извори и видена копија од „e-mail“.

Германскиот кредитор открива и детали за поделбата на одговорностите помеѓу Маркус Шенк и Гарт Ричи, кои беа избрани претходно оваа година за заеднички раководители на слеаните единици за инвестициско банкарство и трговија. Во март извршниот директор Џон Крајан изјави дека сака обединетиот оддел да се фокусира повеќе на корпоративните клиенти и ќе ја намали листата со акциите на менаџери и други институции кои им служи.

Новоформираната единица „Глобални пазари на капитал“, исто така ќе биде предводена од двајца раководители – еден во Франкфурт и еден во Њујорк, се вели во електронската порака. Новиот оддел ќе работи во партнерство со групата за корпоративно финансирање и институционални клиенти на банката како заедничко претпријатие „меѓу единиците за корпоративни финансии, акции и фиксен принос и валути“, се вели во е-маил.

Крајан вели дека претходните менаџерски тимови ја направиле банката премногу сложена и неефикасна, поставувајќи ја краткорочната добивка пред долгорочните интереси на „Deutsche Bank“. Во моментов тој ги применува долгорочните планови за реструктуирање на доверителот.

Во соопштението до вработените „Deutsche Bank“ вели уште дека бизнисот со корпоративното финансирање ќе оперира како еден глобален бизнис, управуван од сегашните регионални лидери. Банката наскоро ќе објави нов шеф на единицата за корпоративното финансирање за азиско-пацифичкиот регион, се наведува во мајлот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП