3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМариса Мајер си заминува од Yahoo со 260 милиони долари

Мариса Мајер си заминува од Yahoo со 260 милиони долари

Сите веб-сајтови кои се во сопственост на американската интернет компанија „Yahoo“, веќе официјално преминаа во рацете на „Verizon“. А поранешниот извршен директор на „Yahoo“, Мариса Мајер, која своевремено го напушти „Google“, за да ја преземе оваа позиција, сега си заминува со доста солидна сума – речиси 260 милиони долари, пишува „CNN“.

Според последните податоци, доставени до Комисијата за хартии од вредност и берзи, Мајер поседувала околу 4,5 милиони акции во „Yahoo“, вклучувајќи и опции и ограничени берзански единици.

Акциите на „Yahoo“ се тргуваа за околу 52,50 долари за акција во средината на денот во вторникот. Тоа го прави учеството на Мајер еднакво на повеќе од 236 милиони долари според оваа цена.

Мајер, која нема да остане во „Verizon“, ќе добие и 23 милиони долари отштета поради тоа што заминува од „Yahoo“.

Портпаролот на „Yahoo“ не сакаше да ја коментира компензацијата на Мајер.

„Altaba“, новата компанија која вклучува удели од гигантите во сферата на трговија „Alibaba3, „Yahoo Japan“ и други средства на „Yahoo“, кои не се продадени на „Verizon“, не е достапна за коментар.

Мандатот на Мајер во „Yahoo“ беше прилично бурен, а некои би рекле дека таа никогаш не го достигна врвот, кој се очекуваше од неа по возбудата што ја предизвика со заминувањето од „Google“ и нејзиниот успешен престој таму.

Одлуката да ја купат социјалната мрежа „Tumblr“ за 1 милијарда долари пример не се исплатеше воопшто за Мајер и „Yahoo“. Ниту пак обидите на Мајер да го фокусира „Yahoo“ повеќе на мобилните услуги и социјалните мрежи. Освен тоа „Yahoo“ се бори и со стравувањата дека претрпела големи штети од огромните нарушувања на безбедноста на нејзините системи.

И сепак Мајер успеа да го продаде основниот бизнис на „Yahoo“ на „Verizon“ за 4,5 милијарди долари и покрај тековните грижи за интернет компанијата и нејзиното заостанување зад „Google“ и „Facebook3 во трката во дигиталната реклама.

Може ли „Yahoo“ да ја врати славата од средината и крајот на 90-тите години? Тоа веќе нема да биде одговорност на Мајер. Оваа тешка задача паѓа на плеќите на Тим Армстронг, шефот на „AOL“, кој сега е извршен директор на „Oath“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП