19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТалески веројатно нема да настапи на СП во Алжир

Талески веројатно нема да настапи на СП во Алжир

Младата ракометна репрезентација на Македонија на почетокот на подготовките за настап на Светското првенство во Алжир е соочена со непланиран проблем. Младинците во Алжир, веројатно, ќе настапат без капитенот Филип Талески, за чиј настап на Мундијалот „рампата ја спушти“ неговиот тим Рајн Некар Левен.

Германскиот шампион Рајн Некар Левен нема намера да му дозволи на Талески да го пропушти почетокот на подготовките, односно планира капитенот на младата македонска репрезентација во целост да го одработи тренажниот процес во пресрет на новата сезона.

Рајн Некар Левен подготовките ќе ги почне истиот ден кога во Алжир ќе почне Светското првенство (18 јули).

Македонија на СП ќе игра во група со Русија, Буркина Фасо, Тунис, Шпанија и Бразил. Мечевите во групата треба да се одиграат во периодот од 18 до 24 јули. Пласман од групата во нокаут фазата ќе изборат најдобрите четири репрезентации.

Доколку Македонија избори пласман во осминафиналето, што е реално, или остане да игра во натпреварите за пласман, тоа значи дека Талески би останал во Алжир околу 20 дена, што луѓето од Рајн Некар не сакаат да го прифатат бидејќи сметаат на него од почетокот на подготовките.

Неочекуваниот проблем што се исправи пред младата репрезентација ќе се обиде да го реши Ракометната федерација на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП