29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLafargeHolcim под истрага заради финансирање на тероризмот во Сирија

LafargeHolcim под истрага заради финансирање на тероризмот во Сирија

Франција започна истрага на светскиот лидер во производството на цемент „LafargeHolcim“ поради активностите на концернот во Сирија, соопштува New York Times, повикувајќи се на запознаен извор, кој побарал анонимност.

Истрагата е поради евентуално „финансирање на тероризам“ и загрозување на животот на луѓето.

Според изворот на весникот во истрагата учествуваат судија, специјализиран во антитерористичките прашања, и уште двајца судии, кои се занимаваат со финансиски дела.

Во април, главниот извршен директор на „LafargeHolcim“, Ерик Олсен ја напушти откако компанијата призна дека платила на вооружените групи, за да продолжи да работи со нејзината фабрика во северниот дел на Сирија.

Внатрешни проверки утврдиле дека плаќањата кои се спроведени преку посредници, не одговараат на политиките на компанијата, како и на Франција.

Уште во јануари француски, „Le Monde“ соопшти дека компанијата плаќала на терористички групи, вклучувајќи ги и „Исламска држава“. Според изданието подружницата на концернот во Сирија е конектиран со воените формации во блискоисточната земја во 2013-2014 година, за да си обезбеди продолжување на работата на нејзината фабрика во североисточна Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП