28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple и Dell во трка за бизнисот со чипови на Toshiba

Apple и Dell во трка за бизнисот со чипови на Toshiba

Apple и Dell ќе бидат дел од конзорциумот кој го предводи Foxconn во намера да го преземе бизнисот со чипови за складирање на податоци на Toshiba, изјави челникот на Foxconn за Ројтерс.

Тој наведе дека дел од конзорциумот ќе биде и американскиот Kingston Technology, додека Amazon е многу блиску до одлуката да земе учество. Toshiba има намера да пронајде купувач за бизниот со NAND чиповите кој зазема петтина од светскиот пазар, со цел да ја покрие загубата од неколку милијарди долари, настаната со банкротот на нуклеарната единица Westinghouse во Америка.

Toshiba очекува дека со продажбата на овој бизнис ќе оствари приход од најмалку 18 милијарди американски долари. Тајванскиот Foxconn се обидува да придобие што повеќе реномирани имиња во конзорциумот со цел да ги зголеми шансите за успех, со оглед на тоа дека јапонската влада соопшти дека ќе ја блокира секоја продажба во случај на ризик на трансфер на чип технологијата надвор од границите на земјата.

Како потенцијални купувачи се споменуваат уште и Western Digital Corp. во конзорциум со инвестицискиот фонд на јапонската влада како и Broadcom Ltd со финансиски партнери. Конечната одлука за продажбата на овој бизнис, Toshiba би требала да ја донесе на 15ти јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП