9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтартува битката за САД – Германците во „клинч“

Стартува битката за САД – Германците во „клинч“

Германскиот трговски ланец „Алди“ ќе вложи 3,4 милијарди долари за ширење на американскиот пазар, што вклучува зголемување на бројот на продавници на 2.500 до 2022-ра.

„Алди“ во САД моментално поседува 1.600 продавници, а претходно оваа година објавија дека до крајот на 2018-та нивниот број ќе биде зголемен за 400, додека за реновирање и модернизација на 1.300 продавници планираат да потрошат 1,6 милијарди долари.

Вложувањето, со што капиталните трошоци на „Алди“ засега во оваа година пораснаа на 5 милијарди долари, доаѓаат во време на интензивна конкуренција и нарушување во индустријата.

Германскиот конкурент „Лидл“ на 15-ти јуни ќе ги отвори првите 100 свои продавници во САД. Во мај, од „Лидл“ порачаа дека цената на производите во нивните продавници ќе бидат 50 проценти понски од конкуренцијата.

Најголемиот американски и светски трговски ланец за малопродажба „Вол-Март“ истражува пониски цени во 11 американски држави и ги притиска добавувачите со цел да понудат 15 проценти поевтини артикли од конкуренцијата. „Вол-Март“ планира да потроши околу 6 милијарди долари за враќање на титулата лидер според ниските цени, истакнуваат аналитичарите.

Забрзаното ширење на „Алди“ и „Лидл“ веројатно дополнително ќе го поремети американскиот малопродажен пазар, на кој се забележаа 18 компании под стечај од 2014-та година.

Двата германски трговски ланци исто така ги потресоа етаблираните британски ланци како „Теско“ и британската подружница на „Вол-Март“ – „АСДА“

Извршниот директор на „Алди“, Џејсон Харт изјави дека синџирот има намера да има најмалку 21 процент пониски цени во однос на конкурентите, како и да се насочи кон ширење на асортиманот на приватните брендови со цел ценовно да ги освојат купувачите.

„Ние растеме во моментот додека другите малопродажбни ланци се борат за опстанок“, вели Харт. Тој додаде дека цените во „Алди“ биле до 50 отсто пониски во однос на традиционалните ланци за прехрамбени намирници, што е потег кој ја следеше најавата за креирање на цената.

Најновото проширување на малопродажните ланци ќе создадат 25.000 нови работни места, а со тоа „Алди“ ќе стане третиот најголем трговски синџир во САД, зад „Вол-Март“ и „Крогер“, вели извршниот директор на „Алди“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП