27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПетер Бош е новиот тренер на Борусија Дортмунд

Петер Бош е новиот тренер на Борусија Дортмунд

Тренерот кој успеа со Ајакс да стигне до финалето во Лига Европа, Петер Бош, кариерата ќе ја продолжи во Германија, во екипата на Борусија Дортмунд, каде го наследи Томас Тухел.

Борусија соопшти дека Бош потпишал двегодишен договор.

Ајакс сезонава не успеа да освои ниту еден трофеј, во домашното првенство ја загуби трката со Феенорд, додека во Лига Европа беше поразен од Манчестер Јунајтед.

Бош од Ајкас заминал бидејќи ја загубил поддршката од раководството и според информациите веднаш постигнал договор со „милионерите“ од Дортмунд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП