5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple и Amazon ја поддржуваат понудата на Foxconn за бизнисот со чипови...

Apple и Amazon ја поддржуваат понудата на Foxconn за бизнисот со чипови на Toshiba

Американските технолошки концерни „Apple Inc“ и „Amazon.com Inc“ ќе се приклучат на понудата на „Foxconn“ за бизнисот со чипови на „Toshiba Corp“, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на информации на економскиот весник „Nikkei“, кој го цитира претседателот на „Foxconn“, Тери Гу.

Двата технолошки гиганти од САД планираат да „инвестираат во чипови“, вели Гу во интервјуто за весникот. Не е јасно дали тоа ќе биде во форма на директна инвестиција во полупроводничката единица, или ќе претставува финансирање на трансакцијата.

Тајванскиот „Foxconn“, исто така познат и под името „Hon Hai Precision Industry Co Ltd“, се здружил и со јапонскиот концерн „Sharp Corp“, кој е нејзина сопственост, за својата понуда.

Претставници на „Apple“ и „Amazon“ одбиваат да дадат коментар за „Ројтерс“ во врска со ова прашање.

Уште во средината на април се појави информација дека „Apple“ размислува за здружувањето на силите со оние на „Foxconn“ во врска со наддавање за бизнисот со чипови на „Toshiba“. Производителот на „iPhone“ размислува дали да инвестира најмалку неколку милијарди долари за да добие удел од над 20% во единицата за чипови.

Инвестицијата е дел од планот кој претпоставува дека „Toshiba“ ќе задржи дел од бизнисот. На овој начин единицата ќе остане под американска и јапонска контрола, посочуваат од јапонската телевизија „NHK“, повикувајќи се на анонимни извори.

„Toshiba“ зависи многу од продажбата на единицата – вториот по големина производител на „NAND“ чипови во светот, за да ги покрие трошоците од милијарди долари ја банкротираше нејзината американска нуклеарна единица „Westinghouse“.

„Foxconn“ не се смета за водечки кандидат за продажба на единица што се оценува од „Toshiba“ за најмалку 18 милијарди долари, поради своите продлабочени врски со Кина. Јапонската влада соопшти дека ќе ја блокира секоја трансакција која би го ризикувале трансферот на клучната технологија за чипови надвор од земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП