25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрвиот авион на новата нискотарифна компанија на IAG слета денеска

Првиот авион на новата нискотарифна компанија на IAG слета денеска

Сопственикот на „British Airways“ – „IAG“, ја промовираше својата нова трансатлантска нискотарифна авиокомпанија – „Level“, првиот лет ќе биде од Барселона до Лос Анџелес во четврток.

Во наредните три недели „Level“ ќе оствари летови од шпанскиот град до Сан Франциско, Буенос Аирес и Пунта Кана во Доминиканската република.

Билетите почнуваат од 99 фунти во еден правец и беа пуштени во март.

Компанијата мајка „IAG“, која ги поседува „Iberia“, „British Airways“ (BA), „Aer Ingus“ и „Vueling“, изјави дека има продадено 100.000 билети во првиот месец.

„British Airways“ во моментов се наоѓа во тешка ситуација, по катастрофалниот компјутерски колапс кој остави на аеродромите 75.000 патници во текот на викендот.

Критичарите велат дека „ВА“ постојано ги намалува трошоците за да се справи со конкуренцијата од нискотарифните авиокомпании. „ВА“ негира тоа да е причина за компјутерските проблеми, велејќи дека причината е во напојувањето.

Сопственикот „IAG Group“ сепак сега ги насочува своите надежи кон новата авиокомпанија, за да и помогне да се натпреварува со уште агресивниот трансатлантски пазар.

Ценовната структура на „Level“ е поделена на шест вида тарифи. Најевтината опција вклучува само рачен багаж.

Најскапата опција е „Flexible Premium Economy“ која нуди топло јадење, два чекирани багажи и избор на место во авионот. Достапна е и „WiFi“ конекција, чија цена започнува од 8,99 евра.

Компанијата започнува со лет и екипажот на „Iberia“ и ќе создаде до 250 нови работни места во Барселона.

Главниот извршен директор Вили Волш изјави: „Ова е само почеток. Во текот на летото на 2018-та година ќе имаме повеќе авиони и ќе работиме до повеќе дестинации од Барселона. Планираме и проширување на активностите на „Level“ кон други европски градови“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП