26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСАД одреди парична казна за Deutsche Bank

САД одреди парична казна за Deutsche Bank

Федералните резерви на САД објави дека ја казнува „Deutsche Bank“ со 41 милиони долари поради пропусти во контролата на перењето на пари по скандалот кој вклучува милијарди долари во руски рубљи.

Мерката е против „опасни и ризични“ практики во американското банкарство на германската финансиска институција, се наведува во соопштението до медиумите.

Централната банка на САД утврдила дека локалната поделба на „Deutsche Bank“ не успеала да ја поддржува ефективната програма со која ќе ги почитува американските закони против перењето на пари и во областа на банкарската тајна.

Властите во САД тврдат дека рубљата во вредност од околу 10 милијарди долари се „пере“ преку банката меѓу 2011-та и 2015-та година во Москва, Њујорк и Лондон.

Се сомнева дека „Deutsche Bank“ ја пропушти можноста да го стопира перењето пари поради неуспех на надзорните функции.

Во јануари германската банка склучи со њујоршкиот департмент за финансиски услуги вонсудско решение за 425 милиони долари во врска со шема за перење пари, потсетуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП