20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLSE го купува бизнисот за анализа на средства со фиксен принос на...

LSE го купува бизнисот за анализа на средства со фиксен принос на Citigroup

Лондонската берза „London Stock Exchange“ (LSE) договорила купување на „The Yield Book“ – бизнисот со анализи и индексирање на средства со фиксен принос на „Citigroup“, за 685 милиони долари, соопштија компаниите во вторникот, цитирани од „Ројтерс“.

„LSE“, која изјави дека ќе ги истражуваат можностите за инвестиции, со кои ќе го поддржи растот по неуспехот на предложеното спојување со „Deutsche Boerse“, соопшти дека договорот ќе ја зајакне нејзината способност во областа на податоците и анализата на нејзините информатички услуги и нејзината бизнис франшиза „FTSE Russel“, вклучувајќи ќе и зголемени средствата под управување до околу 15 илјади милијарди долари.

Зделката, која подлежи на регулаторното одобрување и се очекува да заврши во втората половина на оваа година, се очекува да ги зголеми за 30 милиони долари приходите на „LSE“ во првите три години по завршувањето на спојувањето и да доведе до 18 милиони долари трошоци во текот на истиот период, соопшти компанијата.

„LSE“ проценува дека купувањето на бизнисот би донел за минатата година добивка пред камати, даноци, депресијација и амортизација во износ од 46 милиони долари со приходи за 107 милиони долари, а се базираше на оценката на централните трошоци кои ќе бидат префрлени на бизнисот при сопственост на „LSE“.

Компанијата, која го купи давателот на берзански индекси и менаџер на средства „Russell Investments“ во 2014-та година, очекува профитот пред камати, даноци, депресијација и амортизација да се зголеми до најмалку 50% до три години по завршувањето на трансакцијата.

„Купувањето на „The Yield Book“ и „Citi Fixed Income Indices“ го поддржува долгиот силен раст и развојот на единицата за информациски услуги на „London Stock Exchange Group““, изјави главниот извршен директор на „FTSE Russell“, Марк Мејкпис.

„The Yield Book“ има база на клиенти од над 350 институции, а услугите се искористуваат за анализа на инструментите со фиксен принос, вклучувајќи ги хипотеките, државните и корпоративните обврзници и други, коментира „Citi“.

„Citi Fixed Income Indices“ вклучува и внимателно следење на индексот „World Government Bond Index“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП