Премиерлигашот Борнмут го потврди ангажманот на Асмир Беговиќ. Репрезентативецот на БиХ потпишал долгорочен договор, чии детали клубот не ги објави.
„Борнмут е интересен, амбициозен клуб, кој ги има предусловите за светла иднина. Да се биде дел од шампионскиот тим на Челзи е сјајно, но мислам дека е време за нов чекор во кариерата. Сакам да играм фудбал“, рекол Беговиќ.
„Откако разговарав со менаџерот Еди Хау, знаев дека Борнмут е вистинскиот клуб за мене. Сакам да придонесам со своето искуство“, дополнил Беговиќ.
Борнмут ќе биде третиот клуб во Премиер лигата за кој ќе настапува Беговиќ, откако претходно бранеше во Стоук и Челзи.