
Францускиот производител на автомобили Пежо, кој работи во рамките на групацијата ПСА, го одложи првиот чекор од преземањето на германскиот автомобилски гигант Опел. Работниците поставија нови услови во врска со иднината на реномираниот истражувачки центар на Опел.

