28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМожна соработка на „Гаспром нефт” и Репсол во Ирак

Можна соработка на „Гаспром нефт” и Репсол во Ирак

„Гаспром нефт” и Репсол разговараа за можната соработка во ирачки Курдистан. Ова го изјави шефот на Одделот за развој на бизнисот (истражување и екстракција) на „Гаспром нефт” Дмитриј Дробишев.

“Исто ги разгледуваме можностите за соработка на Блискиот Исток. Особено, нашите компании имаат удели во соседните наоѓалишта во курдскиот регион на Ирак. Се разгледуваат различни сценарија за реализација на соработката, како и можното заедничко искористување на местата. Покрај тоа, работиме на воспоставување на научно-техничка соработка “, истакна Дробишев.

„Гаспром неф” учествува во ирачки Курдистан во три проекти – блоковите Халабаја и Шакал каде процентот на руската компанија е 80%, а исто така и во наоѓалиштето Саркалаa (блок Гармиан), каде што „Гаспром нефт” има 40%. Првиот нафтен блок Гармиан е добиен во 2011 година. Во 2015 година е почнат индустрискиот транспорт.

На почетокот на 2016 година „Гаспром нефт” го презеде работењето на блокот Гармиан, од дотогаш оператор на проектот канадската Вестерн Загрос Ресурсис . „Гаспром” претходно соопшти дека „Гаспром нефт” се надева дека во 2018 година ќе почне екстракција од блокот Шакал. Се очекува максималниот обем на производството да биде 2 милиони тони нафта годишно. А се очекува тоа да биде достигнато во 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП