1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВорен Бафет инвестира во германската Lanxess

Ворен Бафет инвестира во германската Lanxess

Легендарниот инвеститор Ворен Бафеt купи три проценти од акциите на германската хемиска компанија „Lanxess“.

Германската компанија „Lanxess“, една од водечките компании во сферата на производство на специјализирани хемиски производи, обајави дека „Berkshire Hathaway“, инвестицискиот конгломерат на американскиот бизнисмен Ворен Бафер, се стекнал со околу 3 проценти од акциите на оваа компанија.

Вредноста на уделот на Бафет е нешто повеќе од 180 милиони евра.

Оваа вест влијаеше на скокот на акциите на „Lanxess“ од 6,7 проценти на вчерашното тргување, достигнувајќи го нивото од 67,5 евра на затворањето на германската берза.

„Lanxess“ некогаш беше дел од „Bayer“, а компанијата објави сјајни резултати за првиот квартал кои се поттикнати со силната продажба на инженерската пластика и синтетичката гума.

Од почетокот на годината „Lanxess“ забележа раст на вредностa од 8,2 проценти, додека во последните година дена регистрира зголемување на цената на акцијата од 57,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП