18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair забележа рекордна добивка за годината

Ryanair забележа рекордна добивка за годината

Нискотарифната авиокомпанија „Ryanair“ забележа рекордна годишна добивка и покрај акутниот пад на просечните тарифи поради прекумерна продуктивност и британското гласање за излез од Европската унија. Компанијата вети и повисока добивка и пониски тарифи во следната година, соопштува „Ројтерс“.

Најголемиот авиопревозник во Европа по број на патници „Ryanair“, соопшти дека нето профитот достигна 1,316 милијарди евра, што e во долниот крај на прогнозираниот опсег од 1,3 до 1,35 милијарди евра, но се совпаѓа со очекувањата на аналитичарите.

„Ryanair“ ја намали првичната оценка за опсег од 1,375 милијарди евра до 1,425 милијарди евра во октомври со 5% заради слабата фунта како резултат на гласовите околу „Brexit“.

По неколку години на намалување на цените на билетите во последниве недели европските превозници забележаа знаци дека работите се менуваат, бидејќи падот на цените се забавува.

„Ryanair“ вели дека очекува цените на билетите да се намалат со помеѓу 5% и 7% во текот на годината до крајот на март 2018-та година во однос на намалувањето од 13% во текот на финансиската година, завршена март 2017-та година.

„Ryanair“, која врши 1.800 летови дневно до 33 земји, ја користи средината на ниските тарифи за да ги искористи предностите на цените и да се зголеми капацитетот.

120 милиони патници ги користеле услугите на авиокомпанијата во текот на годината до крајот на март во однос на првичната проценка за 116 милиони лица и целта од 130 милиони патници за тековната финансиска година претпоставува раст од околу 8% во однос на 13% во оваа година.

„Задоволни сме да објавиме 6 проценти раст на профитот пред даноците и покрај тешките комерцијални услови поради серијата на настани, ударот врз безбедноста во европските градови, промената на чартер капацитите од Северна Африка, Турција и Египет до континентална Европа и остариот пад на фунтата по гласањето околу „Brexit“ во јуни 2016-та година“, рече главниот извршен директор Мајкл О’Лири во соопштението.

„Инвеститорите треба да бидат претпазливи во однос на ризикот од негативни случувања околу „Brexit“ или од повторување на минатогодишните настани кои влијаеа на безбедноста на европски градови што може да и наштети на корисничката доверба, подоцнежните резервации и тековните насоки за финансиската 2018-та година“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП