10 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИРено презеде два истражувачки центра од Интел

Рено презеде два истражувачки центра од Интел

Францускиот производител на автомобили „Рено“ презеде од „Интел“ два центра за истражување и развој, специјализирани за интегрални сoфтверски решенија, поврзаност и онлајн сервиси.

Центрите што се наоѓаат во Тулуз и во технолошкиот парк „Софиа Антиполис“, во близина на Ница, ќе овозможат понатамошен технолошки развој на француската компанија во насока на идно претставување на поврзани автомобили и технологија за автоматизирано возење.

„Рено“ на тој начин ќе добие 400 квалификувани стручњаци, специјален софтвер за интеграција во возилата, напредни технологии за поврзување, технологија за далечинско управување со возила и можно за пласирање на „Over-the-air“ надоградба.

Обата центра ќе бидат интегрирани во одделот „Системс инженеринг“ во рамки на алијансата „Рено-Нисан“.

Преземањето на двата центра би требало да биде довршено за време на втората половина од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП