21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИИ Русите имаат авион за „трка“, тестирањето е успешно (видео)

И Русите имаат авион за „трка“, тестирањето е успешно (видео)

Првиот тест лет на рускиот патнички авион за средни патувања – „MS-21-300“ беше успешно реализиран, соопшти прес-службата на фабриката производител на авиони „Иркут“.

„Патничкиот авион „MS-21-300“ го изврши својот прв лет. Истиот траеше 30 минути. Авионот леташе на висина од 1000 метри со брзина од 300 километри на час“, стои во соопштението на компанијата, пренесено од руските медиуми.

„Ги искористивме најнапредните технички средства, кои ќе обезбедат поголема удобност за патниците и привлечни економски карактеристики за авио-компанијата. Со задоволство сакам да кажам дека првиот лет на „MS-21“ беше успешен“, вели директорот на фабриката „Иркут“, Олег Демченко.

Тест-летот го извршија пилотите Олег Кононенко и Роман Таскајев, а рускиот претседател Владимир Путин му се јави на Демченко да му честита на него и на вработените за, како што велат од Кремељ, „важниот настан“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП