17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBest Buy изненади со неочекуван раст на продажбата за првиот квартал

Best Buy изненади со неочекуван раст на продажбата за првиот квартал

„Best Buy“ забележа неочекуван раст на продажбата за првиот квартал, а во исто време лидерот меѓу американските трговци на електроника на мало соопшти дека планира да оствари заштеди од 600 милиони долари до крајот на фискалната 2021-ва година.

Како резултат на веста акциите на компанијата скокнаа за 15% до 57,95 долари во утринската трговија, што е 11-месечен врв.

Компанијата со седиште во Ричфилд, Минесота, има заработено од подобрувањето на пазарот на труд, кој ги стимулира домаќинствата да трошат повеќе, особено за електрични уреди и домашно кино. Во март стапката на невработеност во САД падна до речиси 10-годишно дно.

Главниот извршен директор Хеберт Џоли во конференциски повик, рече дека „Best Buy“ била „силно мобилизирана“, за да извлече максимална корист од прогласувањето на банкрот на еден од неговите конкуренти во кварталот. Џоли не појасни за кој точно ривал станува збор.

„Best Buy“ забележа раст од 1,6% на продажбата за првиот квартал од развиените продавници наспроти очекувањата на аналитичарите за пад од 1,5%, покажува консултантската компанија „Consensus Metrix“.

Џоли изјави дека неочекуваното зголемување на продажбата се должи на побарувачката на игри и мобилни производи, како и на приемот на задоцнетата наплата на платен федерален данок.

„Best Buy“ изјави дека очекува споредливата продажба за вториот квартал да се зголеми со 1,5-2,5%.

„Очекуваме „Best Buy“ да продолжи да се претставува на високо ниво во повеќе категории, а апаратите за домаќинство најверојатно ќе бидат едни од водечките во предвид динамиката на пазарот“, пишува аналитичарот на „Moody’s“, Чарли О’Шиј.

Нето добивката е намалена до 188 милиони долари, или 60 центи по акција, во трите месеци до 29-ти април, што е над просечната оценка на аналитичарите за 40 центи по акција, покажува „Thomson Reuters“.

Приходите се зголемија за 1% до 8,53 милијарди долари, што е над просечната прогноза на аналитичарите за 8,28 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП