26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAтлетико Мадрид и Тотенхем во битка за Вилја

Aтлетико Мадрид и Тотенхем во битка за Вилја

David_Villa_pat2279

Напаѓачот Давид Вилја е еден од фудбалерите кои сигурно ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната, а кандидати за потписот на искусниот Шпанец има неколку. Според медиумите од Пиренејскиот полуостров два клубови се заинтересирани да го доведат Вилја во своите редови, а тоа се Атлетико Мадрид и Тотенхем.

„Јорганџиите“ подготвуваат понуда од 12 милиони евра, а приближно толку ќе понуди и Тотенхем. Сепак „каталонците“ ќе сакаат да добијат минимум 15 милиони за 31-годишниот голгетер.

Вилја досега одигра 24 натпревари и постигна 9 гола во Примера оваа сезона, но почесто остануваше на клупата за резервни играчи, па поради тоа Шпанецот сака да ја промени средината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП