24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол ги додели наградите од првото полуфинално коло од јубилејната наградна игра...

Макпетрол ги додели наградите од првото полуфинално коло од јубилејната наградна игра „70 години Макпетрол“

По повод 70 годишнината на Макпетрол АД и прославувањето на 70 години соработка со потрошувачите, компанијата креираше голема наградна игра која започна на 1 март и ќе трае до 15 декември.

Денеска во продажно-сервисниот салон на Хонда беа доделени наградите од првото полуфинално коло од јубилејната наградна игра „70 години Макпетрол“.

На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.

„Оваа година за нас претставуваше уште една потврда за лидерската позиција на Макпетрол во енергетскиот сектор во републиката. Дополнително, јубилеjот уште повеќе го зголеми нашиот стремеж да бидеме беспрекорни во својата работа и постојано посветени на најдобар начин да ги задоволиме растечките потреби на корисниците“.- изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

„70 години доверба е награда по која многу компании тежнеат. Затоа, ние во континуитет се трудиме да ја оправдаме стекнатата доверба на нашите потрошувачи.

Како што веќе знаете, за да ја одбележиме оваа значајна годишнина и заедно да ги прославиме овие 70 години доверба, Макпетрол ја започна јубилејната наградна игра за своите потрошувачи, која започна на 1 март и ќе трае до 15 декември оваа година. Во рамките на наградната игра ќе бидат доделени повеќе од 2.000 вредни награди.“ – додаде Тасевски.

Верна програма за лојалност на Макпетрол АД е една од најпопуларните програми од таков вид во земјата. Од компанијата истакнаа дека веќе има над 110.000 членови во програмата ВЕРНА, и таа бројка од ден на ден забрзано се зголемува. Тоа за компанијата претставува поттик за понатамошно усовршување и грижа за сите корисници на палетата производи и услуги на Макпетрол. – потенцираа од Макпетрол АД.

„Макпетрол АД оваа година одбележува значаен јубилеј – 70 години труд насочен кон изградба на компанија која со своите капацитети и можности ги задоволува највисоките европски стандарди во областа на малопродажба на нафта и нафтени деривати, 70 години постојана грижа за корисниците и посветеност кон потребите на нашите потрошувачи.

Наградната игра „70 години Макпетрол“ е наш начин заедно со вас, нашите верни потрошувачи, да ја прославиме Вашата поддршката и довербата во сиве овие изминати години“. – изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

На настанот се доделија лаптопи Dell на среќните добитници Јован Митрески и Алекса Костадинов, скутер Honda кој го доби Гоце Павлески, а дома со исклучетелната Honda Jazz си замина Фадил Бесири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП