9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМарк Филдс го напушта Форд

Марк Филдс го напушта Форд

Генералниот директор на Форд, Марк Филдс ја напушта компанијата, а на негово место доаѓа Џим Хакет, досегашен шеф на одделот за автономни возила на Форд.

Одлуката за пензионирање на Филдс(56) и поставувањето на Хакет на неговата позиција, како што порачаа од компанијата, е донесена за Форд да може да се трансформира за иднината.

Промената доаѓа по помалку од две недели откако Филдс беше критикуван на годишниот состанок на акционери заради лошите финансиски резултати на компанијата.

Анонимен извор минатата недела потврди за агенцијата АФП дека се планира големо кастрење на работни места во Форд, што ќе погодат дури 20 илјади работници.

Форд во април продал 214,7 илјади возила или околу 7,2 отсто помалку од истиот период лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП