29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДајнерс оди во стечај!

Дајнерс оди во стечај!

Компанијата „Дајнерс клуб Интернационал Белград“ ги извести корисниците на картички во Србија дека од мај повеќе нема да им се пресметуваат месечните надоместоци за користење.

„Дајнерс клуб“ во Србија објави вчера дека побарал отворање на стечајна постапка поради акумулираните долгови.

Корисниците на нивните картички добија известување дека надоместоците за користење на картичките нема да се пресметува од 1-ви мај оваа година и понатаму, односно до повторното воспоставување на системот. Но дали и кога тоа ќе се случи не се наведува.

Во известувањето пишува дека сите месечни и годишни надоместоци за кои корисниците се евентуално задолжени од 1-ви мај ќе бидат стопирани, а уплатените пари ќе им бидат вратени.

Исто така, сите корисници кои за годишните надоместоци за периодот од 12 месеци го подмириле пред 1-ви мај, ќе бидат стонирани во согласност со делот на надоместоците, а промената ќе биде претставена во наредниот Извештај за задолжување.

„Дајнерс клуб Интернационал Белград“ работи во Србија, Црна Гора и Македонија, каде има околу 50.000 корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП