21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTIP OF THE WEEK® - Малата жолта книга полека го освојува регионот

TIP OF THE WEEK® – Малата жолта книга полека го освојува регионот

Прирачникoт за личен и прoфесиoнален развoј, Tip of the Week дoби свoе издание на хрватски јазик. Издавањето на ова издание е продолжение на успешната приказна во регионот – продадени над 20.000 копии на Tip of the Week Прирачниците и издавањето на српското издание на Прирачникот пред една година во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

„Моментот кога сфаќате дека сонот што сте започнале да го реализирате со многу љубов и посветеност во Македонија, постепено се прифаќа од поголема читателска публика во регионот, сфаќате дека не ви е потребен дополнителен доказ дека сте на вистинскиот пат. Навистина нè радува фактот што секојдневно добиваме пораки од читатели од секаде дека „малата жолта книга“ како веќе ја нарекуваат, ги мотивира за нови предизвици и поголеми успеси“. – кажаа авторите и креатори на „Tip of the Week® “ концептот, Петар Лазаров и Калин Бабушку.

Прирачникот е издаден во соработка со издавачката куќа Наклада Ника од Хрватска и веќе може да се купи во поголемите книжарници низ Хрватска (AGM, Knjigolijek, Školskа knjigа) и Garden продавниците за здрава храна. Следните планови се до крајот на 2017 година да се објави трето издание на Прирачникот на македонски јазик, а паралелно се работи и на проширување на Tip of the Week концептот и во светски размери презентирајќи им на читателите нова балканска перспектива за подобрување на личен и професионален план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП