Агенцијата за кредитен рејтинг Moody’s ќе ја купи холандската финансиска компанија Bureau van Dijk за околу 3,3 милијарди американски долари.
Bureau van Dijk осигурува податоци за приватни претпријатија за повеќе од 220 милиони компании.
Оваа компанија лани имала приход од 281 милион американски долари.
Компанијата со седиште во Амстердам, е во сопственост на фондот EQT VI, кој е дел од алтернативното инвестициско друштво EQT.
Предвидено е договорот да се заклучи кон крајот на третиот квартал, а потребно е одобрување од регулаторните тела на Европската Унија(ЕУ).