5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxonMobil го засилува своето присуство во Средоземното Море

ExxonMobil го засилува своето присуство во Средоземното Море

Американскиот гигант „ExxonMobil“ го засилува своето присуство во Средоземното Море, соопшти грчкото издание „Катимерини“. Наскоро претставници на компанијата ќе потпишат договор за вршење на истражувачки активности во Јонското Море крај бреговите на Западна Грција.

„Exxon“ ќе се приклучи на конзорциум меѓу француската „Total“ и грчката „Hellenic Petroleum“ кој го развива регионот, додава весникот.

Американската компанија беше избрана да изврши студии во крајбрежјето на Кипар. Овој регион е еден од оние кој најмногу ветува во последните години по откритијата на наоѓалишта како „Афродита“, „Зохр“ (во водите на Египет) и полињата крај Израел.

„Катимерини“ пишува дека „Exxon“ води преговори со месеци за пристапување кон „Hellenic Petroleum“ во развој на шест локации во крајбрежјето на Грција. Компанијата е заинтересирана и кон зоните кои не се во видното поле на грчката компанија, како што се бреговите околу Крит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП