27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJAB го проширува своето портфолио на компании

JAB го проширува своето портфолио на компании

„JAB Holding Co.“ ја купува „Panera Bread Co.“ за околу 7,5 милијарди долари, па така го додава на својата империја со храна, проширена во индустриите за кафе, лепчиња и крофни, брзо растечкиот американски синџир на пекари, пренесува „Bloomberg“.

„JAB“ е инвестициска компанија на милијардерското австриско семејство Рејман. Со купувањето на синџирот ресторани за брза храна, таа си обезбеди поголема конкурентност во однос на „Nestle SA“ и „Starbucks Corp.“, бидејќи сега има поголем пристап до клиенти кои бараат место за ручек или вечера. Освен сендвичи и салати, „Panera“ нуди и пијалаци.

Инвеститорите на „Panera“ ќе добијат 315 долари за секоја акција во кеш, објавија двете компании во соопштението. Оваа цена е за 20 отсто повисока (по каматата) од цената декларирана при затворањето на берзата на 31-ви март. На овој ден последно се извршуваше трговија со акциите на компанијата, пред „Bloomberg“ да соопшти дека компанијата размислува за продажба.

„Ние сме многу возбудени да се приклучиме кон „JAB“, бидејќи тие се приватен инвеститор со долгорочна визија, како и со одговорност кон нашиот стратешки план“, изјави основачот на „Panera“, Рон Шаик.

Договорот вклучува претпоставката за постоечки долг во вредност од 340 милиони долари, но сепак ја проценува компанијата со вредност од 19 пати од нејзиниот профит пред камати, даноци и амортизација. За споредба, слични трансакции ја оценуваат за 9 пати „Ebitda“, според податоците на „Bloomberg“. Акциите на „Panera“ поскапеа за 13% до 310 долари за акција, пред повторно да почнат да се тргуваат на берзата.

„JAB“ го дополни своето портфолио на компании во бизнисот со кафе, а листата до моментов ги вклучува „Stumptown Coffee Roasters“, „Keurig Green Mountain“, „Krispy Kreme Doughnuts“ и „Peet’s Coffee & Tea“. Првичната инвестиција во овој бизнис беше во 2012-та година, кога тие купија дел од „D.E Master Blenders 1753 NV“ која го произведува кафематот „Senseo“ и кафето „Douwe Egberts“.

Извори на „Bloomberg“ велат дека „Starbucks“ била прва заинтересирана да ја купи „Panera“. Синџирот на пекари се прошири од работењето на единствена продавница во Бостон до бизнис од 2.000 пекари на територијата на САД и Канада, на тој начин стана една од најголемите компании во сегментот за ресторани од тој тип на брза храна.

Во првото фискално тромесечје нето продажба забележаа раст од 5,3% во споредба со минатата година, објавија од „Panera“ пред официјалното објавување на податоците во средата. За последните 20 години вредноста на акциите на компанијата се зголеми 90 пати.

Се очекува зделката да заврши во третиот квартал, откако ќе биде одобрена од акционерите и регулаторите, објавија од двете компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП