21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic очекува зголемување на профитот за 21%

Panasonic очекува зголемување на профитот за 21%

Јапонскиот технолошки гигант „Panasonic“ прогнозира дека оперативната добивка ќе се зголеми за една петтина на годишна основа во тековната фискална година во која се очекува инвестициите во автомобилската индустрија да започнат да даваат реузлтати, соопштува „Ројтерс“.

„Panasonic“ очекува оперативната добивка да се зголеми до 335 милијарди јени (2,93 милијарди долари) во годината што завршува на 31-ви март 2018-та година во споредба со 276,8 милијарди јени една година порано. Очекувањата се малку пониски од просечната прогноза на аналитичарите на „Ројтерс“ за оперативен профит во износ од 346,3 милијарди јени.

Компанијата која следната година ќе ја одбележи својата 100-годишнина, го обрнува фокусот кон корпоративните клиенти како производителите на автомобили, за да ја избегне цената на конкуренцијата во потрошувачката електроника.

За да го засили притисокот во автомобилскиот сектор, „Panasonic“ оваа година одлучи да ја преземе контролата врз шпанскиот производител на автомобилски огледала „Ficosa International“ и почна масовно производство на акумулатори со „Tesla Motors“.

Знаците за стабилен профит од автомобилскиот бизнис ќе ја зајакнат довербата кон главниот извршен директор Казуиро Цуга кој презеде драстични промени во бизнисот, кога пред пет години го презеде кормилото на проширениот конгломерат.

„Panasonic“ очекува автомобилската и индустриска дивизија да остварат продажба за 2,66 илјади милијарди јени во тековната деловна година, што е за 10% повеќе од претходната година. Компанијата почна да испорачува софистицирани системи кои вклучуваат електронски огледала и други безбедносни карактеристики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП