9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Газпром од извоз на гас се зголемија за речиси 13%

Приходите на Газпром од извоз на гас се зголемија за речиси 13%

Приходите на „Газпром“ од извозот на гас за периодот јануари-март се зголеми за 12,6 проценти во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 9,5 милијарди долари, информира ТАСС, цитирајќи ја Федералната царинска служба на Русија.

За разгледуваниот период, извозот на гас на „Газпром“ е зголемен со 10,2 отсто до 56,3 милијарди кубни метри наспроти 51,1 милијарди кубни метри една година порано.

Обемот на извозот на синото гориво за земјите надвор од Организацијата на независни држави (ЗНД) во периодот јануари-март е зголемен за 12,1 проценти до 5,3 милијарди кубни метри, а за земјите од ОНД со 2,8 отсто до 11 милијарди кубни метри.

Извозот на руска нафта за првите три месеци од годинава е зголемен за 64,7 проценти во однос на истиот период од минатата година и изнесува 23,2 милијарди долари, покажуваат податоците на Федералната царинска служба на Русија.

Во првото тримесечје од минатата година показателот бил 14 милијарди долари.

Волуменот на извезена нафта се зголеми за 0,8 проценти до 62,44 милиони тони наспроти 61, 95 милиони тони година порано.

Главниот извоз бил за земјите надвор од ЗНД. Тој изнесувал 22 милијарди долари наспроти 13 милијарди долари за истиот период од претходната година, а соодветно обемот бил 58,4 милиони тони. Приходите од испораките на нафта во земјите од ЗНД биле 1,157 милијарди долари наспроти 1 милијарди долари една година порано и соодветно 4 милиони тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП