Телевизискиот оператор „Sinclair Broadcast“ има намера да го купи својот конкурент „Tribune Media“, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на запознаени извори.
„Sinclair“ ги победи сите други конкуренти во рамките на наддавањето за „Tribune“ со понуда од 3,9 милијарди долари. Сепак зделката не е целосно безбедна. Ако сепак таа се оствари, тоа би било удар за концернот од забавната индустрија „Twenty-First Century Fox“, кој исто така изјавил интерес.
Предлогот на „Sinclair“ ја проценува „Tribune Media“ на околу 44 долари по акција, што би претставувало премија од околу 30 проценти на курсот од крајот на февруари. Токму тогаш „Ројтерс“ јави за прв пат за интересот на „Sinclair“ кон „Tribune“.
„Tribune Media“ е меѓу најголемите американски оператори на телевизиски канали. Дури во април Федералната комисија за комуникации (FCC) ја поништи својата одлука од 2016-та година, според кој на медиумските концерни им дозволуваше стекнување само на одреден број оператори.
Создавајќи дополнителен пазарен удел за „Sinclair“, договорот може да создаде нова главоболка за конзервативниот конкурент „Fox“ во време во кое медиумската империја на Руперт Мардок се бори со тврдењата за сексуално малтретирање. „Sinclair“ ќе се здобијат со 100% од акциите на „Tribune“ за 43,50 долари во готово, а исто така ќе прифати приближно 2,7 милијарди долари нето долг, соопштија компаниите.
Акциите на „Tribune“ поскапеа за повеќе од 5% по објавувањето на веста, а оние на „Sinclair“ со 2%.
Зделката, која се очекува да заврши до четвртиот квартал, ќе обезбеди на акционерите на „Tribune“ по 35 долари во кеш и 0,23 акции на „Sinclair“ од класа А за секоја од обичните акции на „Tribune“ од класа А и обичните акции од класа Б, кои ги поседуваат.
„Ова е трансформирачка придобивка за „Sinclair“ која ќе отвори безброј можности за компанијата“, вели извршниот директор на „Sinclair“, Крис Рипли во соопштението. „Станиците на „Tribune“ се во голема мера комплементарни со постојните на „Sinclair“ и ќе создадат водечка национална медиумска платформа која ги вклучува најголемите пазари во нашата земја“.
„Tribune Media“ има 42 сопствени или управувани од неа станици, како и кабелските мрежи „WGN America“, „Tribune Studios“ и „WGN-Radio“. „Sinclair“ кој има пазарна капитализација од 3,36 милијарди долари, поседува, оперира или обезбедува услуги до 173 телевизиски станици на 81 пазари.
Кон „Tribune“ спаѓаат и некои печатени изданија, како „Chicago Tribune“ и „Los Angeles Times“, кои се издвоени во 2014-а година, сепак во друга компанија – „Tribune Publishing“.