21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПазарната капитализација на Apple мина 800 милијарди долари

Пазарната капитализација на Apple мина 800 милијарди долари

Акциите на американскиот технолошки концерн „Apple Inc.“ се зголемуваат во средината на седницата во Њујорк во понеделникот со над 1,2 отсто кон втора рекордна вредност по достигната во петокот. Така пазарната капитализација на „Apple“ мина за кратко 800 милијарди долари за прв пат.

Причината за силниот раст на цената на акциите е откритието на инвестицискиот фонд „Berkshire Hathaway Inc.“ на инвеститорската легенда Ворен Бафет дека го има зголемено повеќе од двапати обемот на акциите во „Apple“ во текот на првото фискално тромесечје.

Акциите на компанијата од Купертино достигнаа нов дневен рекорд од 150,95 долари за акција.

Во доставените доцна во петокот документи до американската Комисија за хартии од вредност и берзански операции во САД (SEC), „Berkshire“ изјави дека има акции за 19,2 милијарди долари кон крајот на март во однос на 7,1 милијарди долари на 31-ви декември.

За време на првиот квартал акциите на „Apple“ поскапеа за 24% проценти, додека индексот „Dow Jones Industrial Average“ додаде 4,6% за истиот период.

Од 31-ви март наваму акциите на „Apple“ додадоа 5% на својата вредност, што би можело да ја зголеми вредноста на инвестицијата на Бафет до над 20 милијарди долари.

Во интервју за „CNBC“ во понеделникот Бафет изјави дека „iPhone“ на „Apple“ е „многу, многу, многу“ вреден производ кој делува толку добро на корисниците што тие се подготвени да платат повисока цена за него отколку за смартфони на конкуренцијата.

Минатата недела „Apple“ ги објави финансиските резултати кои ги надмина очекувањата, но приходите беа поскромни поради разочарувачката продажба на „iPhone“.

Најголем удел во портфолиото инвестиции на „Berkshire“ по вредност паѓа на „Wells Fargo & Co.“ со акции за 27,8 милијарди долари на 31-ви март. На второ место е токму „Apple Inc.“ со удели за 19,2 милијарди долари, а третото место останува за „Coca-Cola Co.“ со акции од вредност за 16,6 милијарди долари. Следуваат „International Business Machines Corp.“ (IBM) на четвртото место (13,5 милијарди долари) и „American Express Co.“ на петтото (11,2 милијарди долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП