20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром ја почна изградбата на „Турски поток“

Газпром ја почна изградбата на „Турски поток“

На 7-ми мај 2017-та година, „Газпром“ ја почна изградбата на морскиот дел на „Турски поток“, соопшти руската компанија на својата страница. Работата се врши од страна на компанијата „Allseas“.

За првите градежни работи се користи бродот „Audacia“ преку кој се поставуваат цевките во микротунели по крајбрежјето на Русија. Во длабоките води на Црното Море ќе биде користен друг брод – „Pioneering Spirit“.

„Денес пристапуваме кон практичната реализација на проектот „Турски поток“ – морскиот дел на гасоводот“, коментира шефот на „Газпром” Алексеј Милер, цитиран од прес-центарот на компанијата.

Тој предвидува дека работата на изградбата на гасоводот ќе биде според планот. „Кон крајот на 2019-та година нашите турски и европски потрошувачи ќе добијат нов, сигурен пат за увоз на руски гас“, рече тој.

Пред неколку дена Милер го коментираше проектот со рускиот претседател Владимир Путин и доби наредба за почеток на изградбата.

Плановите се „Газпром“ да изгради две цевки секоја со капацитет од 15,7 милијарди кубни метри. Едната од нив има сигурен пазар – турските корисници. Засега не е јасна судбината на втората цевка – таа треба да испорача гас за Европа преку територијата на Грција. Во ЕУ се уште не разгледале слични планови на „Газпром“.

Цевките тргнуваат од компресорската станица „Русская“ крај „АНАП“ и по дното на Црното Море излегуваат на турскиот брег. Должината на морскиот дел на гасоводот е 900 километри.

Проектот беше објавен од претседателот на Русија Владимир Путин за време на неговата посета во Анкара на 1-ви декември 2014-та година. Тогаш Путин го најави крајот на „Јужен поток“, кој требаше да минува низ територијата на Бугарија и да дојде и во Македонија.

„Турски поток“ се реализира од страна на „Газпром“ и турската „Botas“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП