Европската комисија (ЕК) ќе ja ревидира надолу прогнозата за растот на Грција за оваа година до околу 2% во однос на претходните очекувања за 2,7%, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на претставник на Европската унија (ЕУ).
Корекцијата која ги доближува посилно прогнозите на Комисијата до оние на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), најверојатно ќе го зголеми притисокот врз грчките пратеници да го прифатат договорот, достигнат со кредиторите од еврозоната, претходно оваа недела.
Грчкиот парламент треба да ја одобри зделката пред министрите за финансии на земјите од еврозоната да ја одобрат новата транша од спасувачкиот заем.
Комисијата ќе ги објави новите прогнози за растот на земјите членки на Европската унија (ЕУ) и макроекономската презентација во текот на следната недела, како дел од редовната проценка на економијата на Унијата, три пати годишно.
Изворот од ЕУ вели дека надолната корекција се должи главно на несигурноста во резултатот на одложувањето за завршување на новиот преглед на грчките реформи согласно условите на спасувачката програма за 86 милијарди евра. Разговорите со кредиторите продолжија месеци пред договорот од вторникот.
Грција има потреба од нова финансиска помош, за да ги плати долговите во јули. Дури министрите од еврозоната да стигнат до политичка зделка по реформите на нивниот состанок на 22-ри мај, сепак ќе мора околу еден месец, за да бидат доделени средства, вели европскиот претставник. Ова ја прави средбата во мај речиси последна шанса да се избегне неуспехот на долговите на Грција.
Со примена на договорените измени за даноците, пензиите, пазарот на трудот и во сферата на енергетиката доверителите може да се согласат на мерки за ублажување на долгот на Грција, кои ќе бидат спроведени до крајот на спасувачката програма во 2018-та година.
Иако корекцијата на растот за 2017-та година, сепак, изворот на новинската агенција вели дека грчката економија се претставува добро и минатата година е постигнат значително поголем од очекуваниот примарен суфицит пред трошоците за сервисирање на долгот.
Се очекува номиналниот дефицит да остане доста под прагот од 3% на бруто домашниот производ (БДП) во следните години, што ќе и овозможи на ЕК во мај да ја поништи Дисциплинската постапка против Атина поради незјиниот прекумерен дефицит, вели изворот.