4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРускиот MS-21 сериозна конкуренција на Ербас и Боинг

Рускиот MS-21 сериозна конкуренција на Ербас и Боинг

Првиот примерок на новиот руски патнички авион MS-21 ги напушти монтажните хали на корпорацијата Иркут и трга на пробни летови, а се очекува да стане конкуренција на Ербас и Боинг на средни патеки, пренесува РИА Новости.

MS-21 собира меѓу 150 и 211 патници, а руски извори тврдат дека е опремен со најмодерна погонска технологија и електроника. Воедно е прв патнички авион од оваа класа со крила од композитен материјал со висока цврстина.

Прв купувач ќе биде Аерофлот, кој планира да набави 50 авиони, а испораката се очекува кон крајот на 2018 година.

Во Иркут истакнуваат дека MS-21 е ориентиран на најголемиот светски пазар за тој тип авиони, а тоа се летовите со средна должина. Заради тоа би можел да им биде конкурент на Боинг 737 и Ербас А320.

„MS-21 ќе лета побрзо и поекономично од западните конкуренти, а со неговата употреба авиокомпаниите можат да заштедат до три милиони долари годишно“, велат од компанијата производител.

Претходно корпорацијата соопшти дека има 175 потврдени и 100 „меки“ нарачки за новиот авион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП