3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБаварскиот гигант оваа година очекува рекордна продажба

Баварскиот гигант оваа година очекува рекордна продажба

Германскиот производител на луксузни автомобили БМВ е „убеден“ во достигнувањето на целите за 2017 година, со оглед дека во првите три месеца годинава забележа скок на добивката за третина.

Нето профитот на групацијата порасна за 31 отсто на годишно ниво, на 2,15 милијарди евра во периодот јануари-март, врз основа на растот на приходите од 12,4 отсто, на 23,45 милијарди евра.

БМВ смета на раст на продажбата, вклучувајќи и двојно поголема продажба на електрични возила, откако почна да пратставува на пазарот редица нови модели планирани за следните две години.

Од компанијата истакнуваат дека покрај растот на продажбата, за добрите резултати придонело и зголемувањето на нивниот удел во високотехнолошката компанија за мапирање Here, со износ од 183 милиони евра.

БМВ е косопственик во таа компанија заедно со Дајмлер и Ауди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП