6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPfizer објави послабa од очекуванaта продажба во првиот квартал

Pfizer објави послабa од очекуванaта продажба во првиот квартал

Најголемата американска фармацевтска компанија во САД, „Pfizer“ забележа послаба од очекуваната продажба во првиот квартал, соопштува „Ројтерс“.

Продажбата на лекот „Ibrance“ што се препишува за рак на дојка, се намалуваат со над 58% до 679 милиони долари по неочекуваната конкуренција од страна на „Novartis“ со лекот „Kisqali“. Очекувањата беа за 682 милиони долари продажба, според банката „Barclays“.

„Клучната франшиза падна далеку под прогнозите, што ја покренува загриженоста за способноста на „Pfizer“ да расте во отсуство на спојувањата и превземањата“, коментира инвестициската банка „Goldman Sachs“.

Особено слаба е продажбата на лекот против артритис „Xeljanz“. Освен тоа продажбата на лекот „Xtandi“ што се препишува кај рак, како и на вакцината „Prevnar“ се под очекувањата.

Според „Pfizer“ во кварталот, работните денови биле со три помалку во споредба со истиот период од минатата година, што ја намалило продажбата со околу 300 милиони долари.

Генерално продажбата на лековите, заштитени со патент, бележат скок со 12% во кварталот до 7,42 милијарди долари. Продажбата на генеричките лекови се намалува со 10% до 5,36 милијарди долари.

Приходите се намалуваат за 1,7% до 12,78 милијарди долари во позадина на предвидувањата за 13,09 милијарди долари.

Во септември „Pfizer“ го финализираше купувањето на „Medivation Inc“ во вредност од 14 милијарди долари. Фармацевтскиот гигант забележа раст на нето добивката до 3,12 милијарди долари (51 центи по акција) во првиот квартал во однос на 3,04 милијарди долари (49 центи по акција) од една година порано.

Вкупните трошоци паѓаат со 6% до 7,49 милијарди долари.

„Pfizer“ не ја менува прогнозата за приспособениот профит во 2017-та година за 2,50-2,60 долари по акција при приходи од 52-54 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП